MORE POETIC AND SLIGHTLY DIFFERENT DIMENSION OF OUR RANDOM WHISPERS...

Tuesday, July 27, 2010

Уште неколку стиха плус...:)

Како логично продолжување на вчерашниот пост, еве уште некои слободоумни размисли на тема љубов, во комплет :) enjoy!

УТРЕ

Еднаш, не толку одамна,
си ветив
дeка ќе го пренесам
секој миг на исчекување и трпет,
секој момент на среќа,
и речиси секој спомен од вчера,
сите наши минати „вчера“,
во надеж дека вака ќе содадам
едно наше убаво утре...
за жал,
одамна немаме„ сега“,
но можеби ќе имаме „засекогаш“, којзнае...

Ми се чини,
само вака нашата приказна ќе добие
поинаква димензија,
неоптоварена,
разголена пред сите,
за да ја прочитаат и заборават,
за да стане предмет на восхит,
или можеби потсмев, или презир,
ама ќе живее...
така ќе живееме и ние,
ќе се сочуваме од Заборавот.

И додека тлееме некаде во моите мисли,
си велам, а што дека не нема во реалноста?
важно живееме некаде,
во оваа димензија што јас ја создавам...
што дека не сме секојдневни љубовници?

Ми се чини...
Само вака не ќе избледиме,
Ќе добиеме онолку верзии колку што умови ќе замислат,
само сонот на другите ќе биде нашата граница,
а сонот не знае за крај...



ЧЕКОР ПРЕД ТЕБЕ

Само оди,
итај напред
со џиновски чекори,
не осврнувај се попат,
не погледнувај назад,
зошто таму не сум јас,
таму е само споменот од мене,
некоја бледа слика,
ништо освен илузија...
Затоа побрзај,
обиди се да ме стигнеш,
зошто јас сум на само чекор пред тебе,
веќе ги почувствував
многуте нијанси на љубовта
на сопственава кожа,
јас повеќе не пловам
во нашата довчерашна приказна,
туку нетрпеливо ја чекам новата за нас...
Те преколнувам, стигни ме,
зошто сето ова одлично го знам,
со трепет чекам да го споделам...

No comments:

Post a Comment