MORE POETIC AND SLIGHTLY DIFFERENT DIMENSION OF OUR RANDOM WHISPERS...

Tuesday, October 19, 2010

Поетско читање во Магор

Вечерва во 20 часот во кафе-книжарницата „Магор“, ќе се одржи поетско читање. Меѓу останатите млади автори, своите пет минути ќе ги добие и мојата колешка, другарка, соработник, мој обожавател и поддржувач, и една од моите омилени соговорници, Александра Спасеска! Иако не ја консултирав претходно, знам дека нема да има ништо против да споделам нешто нејзино. Сигурна сум дека се што досега има напишано, ќе го интерпретира беспрекорно добро.

Еве нешто свежо, барем според датумот:)

Страдание (ХА!)

Ни чекор потаму.

остани во мракот на твојата незнајност.

Ни збор поваму.

потони во твоите мастила островни.

носи го жигот на сомнежот

моли се потајно на богови и демони.

биди ми Каин, биди си Авел

биди маченик на некое време

биди крв, биди знак и сон.

Носи ја круната од трње

ти можеш, ти си тој.

Носи го крстот ако е твој.

24 септември, 2010...



No comments:

Post a Comment