MORE POETIC AND SLIGHTLY DIFFERENT DIMENSION OF OUR RANDOM WHISPERS...

Wednesday, September 29, 2010

Decoupage:)


Decoupage техниката претставува уметност на украсување со употреба на парчиња салвети, весници, украсна хартија, залепени на најразлични површини: делови од мебелот, фиоки, комоди, саксии, парчиња керамика и слично, а потоа премачкани со неколку слоеви лак. Значи, што ни е потребно? Само малку фантазија! Да, и дел од погоре споменатите предмети.

Оваа уметност на декорирање датира одамна, но не во оној облик во кој ни е позната денес. Уште во 12от век, кинеските селани користеле парчиња хартија исечена во разни облици, за да украсат делови од домот. Низ вековите, оваа техника добива разни димензии и навлегува во многу други стилови на декорирање. Decoupage, како што ни е позната денес, својот израз го добива во 17от век, кога граѓаните од пониската класа, не можејќи да си го дозволат луксузот на декорирање на богатите, користеле цртежи-реплики на славните уметници од тоа време, ги лепеле на цврста површина, а потоа ги премачкувале со неколку слоеви лак. Оттаму и оваа техника се сметала за l’arte del povero (poor man’s arts - уметност на сиромашните), бидејќи преставувала лесен и евтин начин на декорирање. Во 18от и 19от век, техниката цвета во многу европски земји, а за неа биле особено заитересирани и жените во францускиот кралски дворец.

Во викторијанска Англија од 19от век, Decoupage добива на сензибилитет, па се повеќе можат да се забележат цветни мотиви пренесени на честитки, лампи, витрини и слично. Денес, освен традиционалниот начин на изработка, се забележуваат нови моменти во овој правец, па така, парчињата хартија можат да се најдат залепени под стакло, или пак подигнати и залепени на одреден предмет, за да се постигне тродимензионален ефект. Денешниот поим доаѓа од францускиот јазик, од глаголот decouper (сече на парчиња).

Делува рустикално и vintage, не може а да не е интересно! Треба само малку трпение и време. И нормално, идеја:)

No comments:

Post a Comment