MORE POETIC AND SLIGHTLY DIFFERENT DIMENSION OF OUR RANDOM WHISPERS...

Tuesday, October 19, 2010

„Одлука“


Овој краток филм во продукција на невладината Х.Е.Р.А., по идеја на мојата драга пријателка, исклучително креативната Магде Николовска, има за цел да информира во врска со употребата на оралната контрацепција, на начин близок на младите. Краток, јасен и прецизен, кажува се што треба да знаеме за овој метод на заштита, кој за жал, се уште не ја доживува популарноста меѓу младите девојки, во онаа мера во која би требало. Искрено сметам дека ќе допре до свеста на сите млади, а уште поискрено се надевам дека ќе допринесе во иднина, анкетите да не бидат ни малку слични на оние од пред некое време, кога имавме можност да слушнеме за Кока-колата како еден од најпрактикуваните методи за контрацепција:)

Го одбрав линкот со превод на англиски, признавам, малку тенденциозно (го изработив јас:)), ама истовремено баш сакам да биде вака на „мегдан“, за да може да разменуваме и да слушнеме различни мислења, се разбира и во врска со тематиката, и со преводот.

Огромна благодарност до Магде (слаткото со наочарчињата на 05:40 во филмот) и на Даниел за довербата, како и за тоа што ме потсетија колку е убаво да се работи за Х.Е.Р.А.!



No comments:

Post a Comment